| четврток, 6 декември 2018 |

Нема веќе евтини стари автомобили

Според одлуката на владата, увозот на возила со мотор со Еуро 2 стандарди ќе заврши до крајот на годинава, по што ќе следи шестмесечен преоден период во кој ќе биде дозволен увоз на автомобили со Еуро 3 норми – после тоа во Македонија ќе можат да се увезуваат само автомобили кои ги исполнуваат Еуро 4 стандардите за издувни гасови, објави „Авто магазин“.

Во изминатиот период од март 2010 година, кога со измените во правилниците и законската регулатива се дозволи увоз најпрво на Еуро 1, а потоа и на Еуро 2 возила, во Македонија влегоа повеќе од 160 илјади стари патнички возила, што претставува скоро две третини од поранешниот вкупен возен парк, чија просечна старост се проценуваше на 14-15 години. За жал, и огромен број од тие возила беа толку стари – Еуро 1 нормите во Европа стапија на сила во 1993, а Еуро 2 во 1997 година. Тоа значеше дека освен драстичното зголемувањето на бројот на возила во сообраќајот и делумната замена на прастарите автомобили од социјалистичко време со малку понови, не се постигна многу што за подобрување на сликата на нашите патишта. Напротив, поголемиот број, сега посилни возила кои се возат повеќе од старите, доведе до поголем број на сообраќајни несреќи и енормно зголемување на загадувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top