| четврток, 6 декември 2018 |

Лидзи Лохан обвинета за кражба на телефонска апликација

Проблематичната глумица Линдзи Лохан едноставно не може да се ослободи од лошиот публицитет и судските обвиненија.

lindzi lohan

Токму кога Линдзи малку се смирила, во јавноста излезе уште една тужба против неа, овојпат поради наводна кражба на телефонска апликација.

Имено, актерката со својата пријателка Фима Потик создала апликација „виртуелен плакар“, преку која може да се купува облека по желба.

Сега актерката со новиот партнер сака да ја преименува апликацијата и да ја преземе целосната контрола врз неа, што не и се допаднало на Фима која поднела тужба против Лохан.

Првото рочиште е закажано за следниот месец, а од блиските кругови на Линдзи не сакаат да ја коментираат оваа вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top