| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон очекуваат второ дете

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин (Кејт) Мидлтон очекуваат второ дете,соопшти денеска Кларенс Хауз,службената резиденција на војводата и војвотката од Кембриџ,потврдувајќи дека сопругата на идниот британски крал, е бремена.

kejt-vilijam

Лондонските медиуми ова лето на неколкупати најавуваа дека Кејт Мидлтон би „би сакала да има уште едно дете“ тврдејќи дека таа и принцот Вилијам би сакале второто дете да е девојче.

Како и во текот на првата бременост,Кетрин Мидлтон има проблеми во утринските часови,проследени со гадење и потреба од повраќање,па во Кенсингтон Палас каде живеат војводата и војводката,Мидлтон е опкружена од лекари. Тие меѓутоа потврдија дека нејзината вкупна здравствена положба е сосема добра.

Кралицата Елизабета,баба на принцот Вилијам,како и членовите од двете семејства,во официјално соопштение,ја изразија „својата среќа од веста“ за бременоста на војводката од Кембриџ.

Во посебна порака на Твитер,задоволство од веста дека Вилијам и Кејт очекуваат второ дете,изрази и британскиот премиер Дејвид Камерон. Малиот принцот Џорџ,првото дете на војводата и војвотката,кое е трет во редот на претендентите на британскиот престол,веќе наполни една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top