| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката црква и во шеесетите барала забрана за влез на македонски свештеници во Австралија

Отворањето на дел од архивите на Министерството за надворешни работи на Австралија и резултатите на поединечните истражувања на македонско-грчките односи помеѓу емиграцијата, покажуваат неверојатна систематичност и упорност на грчките власти и црква, уште тогаш, во педесетитте и шеесетитте години на минатиот век, да ја асимилираат македонската емиграција во таа земја, пишува порталот „МКД.мк“

Истражувањето на новинарот Сашо Узунов од Перт, Австралија, ни откри два интересни документи за тоа како грчката православна црква се обидувала да забрани издавање на визи за македонските свештени лица.

 mkd-147122

На 28 јули 1960 година Грчката православна црква за Австралија и за Нов Зеланд испратила писмо до Министерството за имиграција на Австралија во кое бара да не му се издаде виза на свештеник од „т.н. Македонска православна црква“. Владиката Езекиел во писмото вели дека „т.н. Македонска православна црква од Мелбурн се обидува да донесе свештеник од зад железната завеса. Знаеме дека Македонците во Мелбурн се всушност во реалноста Грци, православни верници кои доаѓаат од грчката провинција Македонија, кои се под наша црковна јурисдикција, а ние отсекогаш сме сакале да им помогнеме за секое верско прашање. Затоа, ве молиме во оваа исклучително тешка ситуација да ни помогнете и да не дозволите кој било грчки свештеник да влезе во земјава без наша дозвола“.

На австралиските власти уште тогаш очигледно сè им било јасно. Само четири дена потоа, на 11 август 1960 година грчкиот владика добива писмо во кое неговата молба е во целост отфрлена.

mkd-147123

 „Во однос на барањето за виза за свештено лице од Македонската православна заедница во Мелбурн и Викторија и со оглед на несвесноста за каква било поврзаност на вашата црква и оваа зедница, мојата канцеларија издаде виза според вообичаената процедура“. Потписник на писмото беше министерот за имиграција А.Р. Даунер (Downer), чиј син подоцна станал и министер за надворешни работи на Австралија, пишува „МКД.мк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top