| четврток, 6 декември 2018 |

Американска пејачка пронајдена мртва

Дваесет и пет годишната Симон Бетл, дел од женската група „G.R.L.“ и учесничка во американското „Икс фактор“, вчера наутро била пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес.

Нејзиниот татко ја потврди веста за смртта и изјавил дека се уште не се утврдени причините, а истрагата е во тек. Светските медиуми шпекулираат дека се работи за самоубиство. Младата пејачка требаше да стане членка на познатата група „Пусикет долс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top