| четврток, 6 декември 2018 |

Колку ги плаќаат Албанците во Сирија?

Според извори на косовскиот дневен весник „Бота сот“, Албанците од Косово и Метохија кои заминуваат за Сирија добиваат по 65 евра дневно.

Оваа сума натерала голем број на млади да се приклучат на редовите на ИСИС, но како што наведува весникот некои од нив одат и поради лични убедувања.

За околу 65 евра дневно луѓето заминуваат да се борат, стануваат терористи не штедејќи го својот живот а и животот на другите, вклучувајќи и деца, се наведува на крајот на текстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top