| четврток, 6 декември 2018 |

Виолина вредна 1,2 милион фунти украдена во Лондон, а најдена кај вујкото на бугарскиот пејач Азис

Виолина на Страдивариус, вредна 1,2 милион фунти, која во 2010 година беше украдена од сендвичарница во Лондон, завршила во Бугарија во рацете на ромскиот криминалец Христо Барбанов. Полицијата го открила откако сакал да ја продаде виолината на прикриени полицајци за 250 илјади фунти.

Вредниот инструмент ѝ беше украден на виолинистката Мин Јин Кум додека седела во кафуле на станицата Устон од страна на Џон Моган.

euston station

Тој, целосно неинформиран за вредноста на виолината, се обидел да ја продаде за само 100 фунти на непознат човек во интернет-кафе. Но, човекот го пријавил во полиција и Моган завршил во затвор. Крадецот беше фатен, но од ретката виолина изработена во 1698 година немаше никаква трага до неодамна. Не се знае како инструментот завршил во рацете на Барабанов, познат и како вујко на бугарската музичка ѕвезда Азис.

hristo mafia bugaria

Британските власти потврдиле дека е најдена виолина, која можеби е украдената, но официјално не можат да потврдат додека не се провери инструментот.

Легендарниот Антонио Страдивари изработил само 400 виолини, а најдобриот примерок вреди 8 милиони фунти. Виолнистиката Кум ја купила виолината пред десет години за 750 илјади фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top