| четврток, 6 декември 2018 |

Митови за сексот во кои луѓето веруваат

1. Не може да се затрудни за време на менструација

Иако шансите се навистина мали, сепак ова тврдење не е точно. Јајце клетките и сперматозоидите можат да преживеат неколку дена во матката и да се случи оплодување.

2. Луѓето во брак не мастурбираат

За луѓето во брак се смета дека сексот секогаш им е достапен, односно дека токму поради тоа не мастурбираат. Но, вистината е дека луѓето кои живеат со партнери почесто се самозадоволуваат отколку самците. Иако имаат подобар и поквалитетен сексуален живот, ним повеќе им треба време за себе со цел да се ослободат од стресот, како и да истражуваат за тоа што го сакаат во својот сексуален живот.

3. Жените немаат силна сексуална желба како мажите

Една од најголемите предрасуди поврзана со сексот е дека мажите имаат посилен сексуален нагон, односно дека жените не го сакаат сексот. Вистината е дека мажите и жените различно гледаат на сексот. Жените чувствуваат силна сексуална желба подеднакво како и мажите, но разликите се целосно од индивидуална природа.

4. Големи стапала и дланки значат голем пенис

Нема докази за тоа дека мажите со големи стапала и дланки имаат поголеми пениси од оние што носат помал број чевли. За големината на пенисот не може да се дознае ништо од физичкиот изглед на мажите.

5. Нема ништо полошо од носење чорапи за време на сексот

Секој треба да се однесува онака како му е удобно, без предрасуди. Овде станува збор за работа која наводно најмногу ги одбива партнерите. Но, во една скорешна студија се покажа дека оние учесници кои носеле чорапи за време на сексот полесно доживувале оргазам од оние кои не носеле.

Според авторите на книгата „Don’t Put That in There! And 69 Other Sex Myths Debunked“, најдобар секс е оној во кој луѓето се чувствуваат удобно. Ако сакате да носите чорапи за време на сексот, тогаш не постои никаква пречка за тоа, сметаат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top