| четврток, 6 декември 2018 |

Пет начини да ги решите конфликтите во врската

Што можете да направите за да ги одбегнете конфликтините ситуации каде секој „влече на своја страна“? Еве што советуваат психолозите.

1. Воздржете се од донесување избрзани судови

Првите впечатоци се важни. Луѓето најчесто се држат до првите импресии за некоја личност или ситуација и генерално имаат проблеми со тоа да формираат нови мислења и ставови иако првите можат да бидат погрешни. Сличен принцип се однесува и на конфлитните ситуации: Во моментот кога ќе се налутите на вашиот партнер за некоја причина, речете си
себе си дека ќе почекате додека ги добиете сите факти, пред самите да ја интерпретирате ситуацијата на свој начин.

2. Барајте дополнителни информации

Имаме обичај да ги бараме фактите кои ги потврдуваат нашите уверувања. Ако сте фрустрирани поради фактите дека вашиот партнер доцни дома половина час, автоматскиот одговор на тоа во вашиот мозок е сеќавање на претходните ситуации во кои истото се случило. Наместо тоа да го дозволите, натерајте се себе си да се потсетите колку пати вашиот партнер доцнел поради факторот кој не биле под негово влијание и контрола и дозволете да ви објасни од кои причини тоа се случило.

3. Ставете се на негово/нејзино место

Обидете се да разберете како вие би се чуствувале да сте на местото на партнерот. Ништо не ни помага, подобро е да разбереме нечии постапки и реакции отколку да се поистоветиме со некои и да ги видиме работите од друга перспектива. Често знаеме да бидеме заробени во сопствената глава.

4. Не е важно кој е во право – во ова сте заедно

Наместо да се трудите да му докажете на партнерот дека вие сте во право и го уверите дека тој е главен виновник за конфликтот, настојувајте ситуација во која се наоѓате да ја гледате како сложувалка каде и двајцата имате можност заеднички и како екипа да го откриете изворот на недоразбирањето, незадоволството и проблемот.

5. Прашајте го партнерот за што се работи

Некогаш толкумногу сме оптоварени со тоа да го убедиме партнерот во нашите согледувања што забораваме навистина да го прашаме за што се размислува и каков став има за некоја ситуација. Понекогаш другата страна молчи од причина дека некои работи се подразбираат, па нема потреба да се изговараат на глас. Сепак, никој од нас не може да знае што се наоѓа во главата на оној другиот, поради што отворено и директно прашање е најдобрата опција. Во секој случај, психолозите како тајна на добра и здрава комуникација, не само во љубовната, туку и во семејната, пријателската врска, наведуваат дека потребно е работите да престанеме да ги гледаме интроспективно. Истакнувајќи дека важно е да се разбере една клучна работа – сите сме различни, затоа не смееме да очекуваме од други луѓе да размислуваат, да се однесуваат, чуствуваат или реагираат на одредена ситуација на начин на кои тоа ние го правиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top