| четврток, 6 декември 2018 |

За „мр­да­ње“, се­ки­ра е ле­кот

Здра­во те­ве­фа­на­ти­ци.

Вед­наш ќе поч­нам од нај­ин­те­рес­но­то, не­ма по­сил­но. Во утрин­ска­та про­гра­ма „Здра­во Ма­ке­до­ни­јо“,по­крај стан­дард­ни­те што се ја­ву­ва­ат се­кое утро, што ги зна­ат ве­ќе по име и пре­зи­ме (јас ги знам са­мо Вен­цис­лав, пен­зи­о­ни­ра­но­то во­е­но ли­це што збо­ру­ва сосрп­ски ак­цент и таа ба­ба­та) се ја­ви лик и ги оста­ви без збо­ро­ви.

Поч­на со до­бра по­ен­та де­ка се­кој си ја бра­ни ку­ќа­та, ама кул­ми­на­ци­ја­та бе­ше лу­ди­ло. Сна­а­та спи­е­ла со дру­ги, од­нос­но,ка­ко што ви­ка мно­гу му „мр­да­ла“, па ре­шил да ја сми­ри, ја зап­ле­скал со се­ки­ра. Нај­ве­ро­јат­но ја­дел од тие рас­и­па­ни­те пе­чур­ки или ова сон­це­во го удри­ло во гла­ва. Абе се зна­е­ло по­ра­но, кр­па­та на стап­че и па­тот под но­зе, ова де­нес сѐ е оти­де­но.

Од дру­га стра­на,стиг­на трен­дот „ле­ден пре­диз­вик“ од­нос­но „ALS ice bucket challenge“ и кај нас. Поч­на це­ла естра­да да се по­ле­ва со сту­де­на во­да, а од дру­га стра­на Дра­ган Ву­чиќ ова го на­пра­ви прв,ду­ри и пред не­кој да до­бие ва­ква иде­ја.

Тој во не­го­ва­та еми­си­ја „Среќ­ни коц­ки“ си исту­ри ча­шасо во­да врз гла­ва за да ѝ до­ка­же на ед­на гле­дач­ка де­ка е пол­на. Ина­ку од лу­ѓе што до­ни­ра­ат за до­бро­твор­ни це­ли, оми­ле­ни ми се тие што мол­чат.

Мал­ку над­вор од ма­ли­те екра­ни, ви­кен­дов се одр­жа „Пи­во­ленд“, а нај­за­бав­но од це­ла ма­ни­фе­ста­ци­ја ми беа де­вој­ки­те што се ка­чу­ваа на Ка­ле со ви­со­ки пот­пе­ти­ци, а уште по­за­бав­но ко­га се ма­чеа да си ги отко­па­ат од зем­ја. За­тоа не нѐ би­ва…

Малиот Брат

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top