СВР Тетово поднесе кривична пријава за 22-годишниот Ш.Љ. од Тетово за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.
На 9 јуни годинава во 7.30 часот во Тетово на крстосницата од улиците „Штипска“ и „Илинденска“, пријавениот со употреба на физичка сила однел шестнаесетгодишна малолетничка од Тетово во стан на улица „Штипска“, но бидејќи давала отпор и почнала да вика, пријавениот ја однел во друг стан во Тетово присилувајќи ја да биде во љубовна врска со него, каде ја држел до 14.00 часот, кога успеала да побегне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.