| четврток, 6 декември 2018 |

Нова трагикомична сапуница од Бихаќка

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

По нај­а­ви­те за вла­да во сен­ка, ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, се­га прог­но­зи­ра „же­шка есен“. Љу­би­те­ли­те на тра­ги­ко­ме­ди­и­те три­јат ра­це – на­ско­ро ќе гле­да­ат но­ви епи­зо­ди од са­пу­ни­ца­та на­ре­че­на „ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­ја“.

Се чи­ни За­ев не ги по­чув­ству­ва лет­ни­ве го­ре­шти­ни под де­бе­ла­та сен­ка, па се­га по­са­ку­ва же­шти­ни­те да по­тра­ат до есен. Но, без под­ла­бо­ко да ги ана­ли­зи­рам не­го­ви­те ме­те­о­ро­ло­шки спо­соб­но­сти, по не­го­ви­те нај­а­ви са­ми по се­бе се на­мет­ну­ва­ат не­кол­ку ди­ле­ми. Ка­де ли ис­чез­на пр­ви­от чо­век на опо­зи­ци­ја­та ле­то­во, та се­га во есен да нај­а­ву­ва же­шти­ни? Да­ли се скри под ла­до­ви­на за­тоа што му го­ре­ше под но­зе по­ра­ди ни­за­та не­ус­пе­си што ги до­жи­веа го­ди­на­ва? Што бид­на со нај­а­ви­те за вла­да во сен­ка, за про­те­сти, со­би­ри, улич­на де­мо­кра­ти­ја? Не се сра­ми ли се­га да из­ле­зе во јав­ност по тол­ку вре­ме кри­е­ње и да се оби­де да про­дол­жи од та­му ка­де што за­ста­на пред два ме­се­ца? Да­ли во из­ми­на­ти­от пер­и­од опо­зи­ци­ја­та не­ма­ше за­бе­ле­шки на ра­бо­та­та на вла­ста или не им бе­ше гри­жа и на За­ев и на ра­ко­водс­тво­то на опо­зи­ци­ја­та што се слу­чу­ва во зем­ја­ва? Не де­ка не­кој оче­ку­ва­ше не­ка­кви идеи од не­го, но, во нај­ма­ла ра­ка, е без­о­браз­но да ис­чез­неш без ни­ка­ква нај­а­ва од пред очи­те на јав­но­ста, ко­ја до пос­ле­ден мо­мент ја тру­е­ше со твр­де­ња де­ка „мо­ра да се вра­ти де­мо­кра­ти­ја­та што по­бр­зо“, „да се по­до­бри жи­вот­ни­от стан­дард и да се вра­ти сред­на­та кла­са“ (што зна­че­ше тоа, оста­на ениг­ма), „да се за­бр­за па­тот кон НАТО и кон ЕУ“… Ама, ме­сто да про­те­сти­ра, За­ев ле­то­во ре­ши да „ку­ли­ра“, а се­га де­мек ќе раз­ви­ел ра­бот­на тем­пе­ра­ту­ра.

Кол­ку ли е са­мо по­ра­зу­вач­ки за еден ли­дер на вли­ја­тел­на пар­ти­ја, ко­ја е осум го­ди­ни опо­зи­ци­ја, да до­жи­вее из­бо­рен де­бакл од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, да об­ви­ну­ва за из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти, а по­тоа да се пов­ле­че во глув­че­шка дуп­ка и да не изу­сти ни­ту еден збор це­ло ле­то. Единс­тве­но­то по­ја­ву­ва­ње му бе­ше на Илин­ден, ко­га ис­пра­ти лан­ска че­сти­тка, очиг­лед­но мр­зеј­ќи го да се за­мо­ру­ва го­ди­на­ва со со­ста­ву­ва­ње не­ка­ква праз­нич­на по­ра­ка до гра­ѓа­ни­те. Да не бе­ше тра­гич­но, ќе бе­ше мно­гу смеш­но. За жал, и ве­ќе ви­де­но, од по­ве­ќе ли­де­ри на оваа пар­ти­ја во слич­ни си­ту­а­ции.

Кре­ди­би­ли­те­тот на пар­ти­ја­та и та­ка одам­на е на­ру­шен, но ка­ко што ми­ну­ва вре­ме­то, сѐ по­мал­ку и по­мал­ку лу­ѓе го сме­та­ат СДСМ за се­ри­оз­на пар­ти­ја ток­му по­ра­ди не­и­скре­но­ста во при­ста­пот кон гра­ѓа­ни­те и очај­но не­про­мис­ле­ни­те по­те­зи на пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво. За жал, ни­ту еден од до­се­гаш­ни­те ли­де­ри не ги приз­на ни­ту сво­и­те гре­шки, ни­ту гре­шки­те на сво­и­те прет­ход­ни­ци. Ни­ту еден од нив не се оби­де да би­де по­до­бар од прет­ход­ни­ци­те или да го сме­ни кур­сот на пар­ти­ја­та. Си­те сме­таа де­ка вла­ста им сле­ду­ва ка­ко при­род­но пра­во и де­ка гра­ѓа­ни­те по­сто­јат за да им го ле­ги­ти­ми­ра­ат ман­да­тот. По­ра­ди та­ква­та аро­ган­ци­ја СДСМ ја за­гу­би вла­ста пред осум го­ди­ни, а по­ра­ди иста­та при­чи­на, ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те, оваа пар­ти­ја на­ско­ро ќе го за­гу­би и епи­те­тот нај­го­ле­ма опо­зи­ци­ска пар­ти­ја.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top