Братот на популарната пејачка Сека Алексиќ открил мрачни детали од нејзиниот живот.
Кај Сека Алексиќ константно се случуваат семејни несреќи, открива нејзиниот брат во ексклузивно интервју за српски „Пулс“.
Имено тој тврди дека Сека го измамила својот поранешен маж за пари и дека тој поради неа е во затвор.
– Таа него го измами за пари и му намести 15 години затвор. Тој беше голем мафијаш. Се занимавал со некои работи во кои и Сека била вмешана. Таа требаше да се омажи за него. Тие зедоа пари за да може Сека да го сними своето прво цеде, а таа му рекла дека веднаш штом ќе го сними цедето ќе направат свадба. Таа го сними цедето, зеде 150.000 евра и потоа замина и го предаде човекот за кој требаше да се омажи. Се им кажала. И каде е робата и така му намести затворска казана. Тој уште е во затвор но се законал дека кога ќе излезе нема да биде воопшто добро за неа и дека ќе ја убие, објаснил нејзиниот брат Зулфо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


