Измените на Кривичниот законик кои што беа донесени вчера, не ја доби полнатa поддршка од Собранието. Поголемиот дел од пратениците на ДУИ не гласаа за санкционирање на оние кои ќе заминат за да се приклучат и учествуваат во странски вооружени конфликти, во странски паравоени формации.
Според собраниските документи од партнерот во власта, од 16 пратенички места на ДУИ, измените ги поддржале 6.
Иако се знае дека најбројни случаи има со заминување на млади Албанци во борбите во Ирак и во Сирија, и тоа во редовите на озогласените ИСИС и ИСИЛ, носењето на овие законски измени со кои би се заштитиле токму најранливата категорија, не ги поттикна пратениците од ДУИ. Меѓу оние кои гласале за законот не се Рафиз Алити, Хазби Лика, Џевад Адеми, Артан Груби или пак Али Ахмети. Тоа што веднаш влегува во очи е дека за измените гласале повеќето пратенички од оваа партија. За законот, пак, се изјаснил и Талат Џафери, координаторот на пратеничката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


