Рускиот суперсоничен пресретнувач Миг-31 се урна денеска во близина на градот Армавир, во јужниот регион Краснодар, а двајцата пилоти преживеаја, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Коначенков.
Тој прецизираше дека авионот се урнал на 25 километри од Армавира за време на маневри. Пилотите се катапултирале и безбедно слетале, а Коначенков истакна дека тие не се во животна опасност.
На почетокот на август, врховниот командант на руските воздухопловни сили, генерал-полковникот Виктор Бондаров изјави дека Русија ќе почне со развојот на пресретнувачи, кои до 2028 година би требало да ја замена нејзината флота од 122 Миг-31.
Миг-31 стана дела од советските воздухопловни сили во 1981 година, а производството на ова летало е прекинато во 1994 година, но тие останаа во служба на руските и казахстанските воздухопловни сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст