Во Чаир, Сарај и Тетово се општините во кои во второто тромесечје од 2014 година се родиле најмногу деца. Во истиот период, најмалку бебиња заплакале во Битола и Делчево. Според податоците од Државниот Завод за статистика бројот на живородени бебиња во Чаир е 133, десет помалку во Сарај а 121 во Тетово.
Битола, Делчево и Ресен пак во второто тромесечје од годинава имаат помалку жители од лани. Сепак, сатитиката и не е така црна, ако се земе предвид дека годинава, во споредба со истиот период од лани бројот на новороденчињата е зголемен за 4 отсто и изнесува 5809.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


