Ана Николиќ направила хаос на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Имено, пејачката, која неодамна гостуваше во Прилеп, по настапот имала утрински лет за Белград, но бидејќи се успала, не успеала да стаса навреме за да го фати авионот.Целата во паника пејачката свртела кај неколку пријатели во Скопје, кои успеале да го запрат авионот кој бил пред полетување, пишува Вечер.
„Ана и брат и Марко се успале бидејќи имале напорна ноќ зад себе. Кога се разбудиле и виделе колку е часот, се испаничиле и веднаш му се јавиле на сопственикот на дискотеката во која пеела, а тој во рок од десет минути им пратил возач за да ги однесе од Прилеп до Скопје. Бидејќи немало никаков начин да се стаса навреме, пејачката го зела телефонот во рака и им свртела на неколку блиски пријатели, кои ги замолила да и помогнат. Тие веднаш успеале да интервенираат и дури го спречиле и полетувањето на авионот, кој извесен период полн со патници ја чекал само пејачката“, открил извор близок на Ана и додал дека таа се брзала толку многу бидејќи истиот ден морала да отпатува за Грција на одмор, па поради тоа не можела да го почека другиот лет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


