Марко Миличев (33) кој е осомничен за убиството на 21- годишниот Лука Ивановиќ, откако побегнал од Србија заминал за Хонг Конг. Таму го чекал српски државјанин кој бил познат по трговија со наркотици.
Како што дознава српски Курир, Миличев бил уапсен во петокот на 29 август во градот Шенџен.
-Од информациите кои што ги имаме до сега, знаеме дека Миличев имал уплатено летување во Турција, но по несреќата одлучил да замине за Хонг Конг кај неговиот пријател. Извадил кинеска виза и од Истамбул заминал за Хонг Конг каде стигнал на 13 август, а потоа заминал за Шенџен кој е оддалечен од Хонг Конг на 35 километри, открил извор за Курир.
Пријателот на Марко бил добто познат по трговија со дрога, кој истата вечер бил приведен заедно со Миличев но потоа бил пуштен.
-Во договор со кинеските власти, процедурата за неговата екстрадиција е веќе започната, изјавиле од српско МВР.
Како што дознава Курир, Марко Миличев штом ќе биде предаден на српските власти веднаш ќе биде изведен на суд.
-Нему веќе му е одреден притор, па пред судијата треба да се изјасни зошто се криел по извршеното убиство. Тој има право за побара да се укине притворот, но мали се шансите тоа да му биде овозможено, изјавил изворот за српски Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст