| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Савиќ: Станав алкохоличар

Познатата српска пејачка Тања Савиќ во интервју за српски „Курир“ призна дека е алкохоличар, но тоа го криела од својот сопруг. Но, како што вели таа алкохолот бил добар за гласните жици.

– Во последно време станав алкохоличар, Боже…Па пијам, пијам, не нешто претерано но… Во последно време сакам да пијам коњак, тоа е добро за моето грло. Мојот сопруг не пие, па кога ќе ме праша што пијам и зошто пијам јас веднаш се правдам дека е добро за моите гласни жици. Но искрено има вистина во тоа, изјавила пејачката низ смеа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top