| четврток, 6 декември 2018 |

Ефикасен напиток против наталожените масти во телото

Холестеролот е најпознатата маст во организмот и присутен е во секоја жива клетка. Постои добар ХДЛ холестерол и лош ЛДЛ, чие зголемување во нашето тело предизвикува многу болести на срцето и крвните садови.

Грејпфрутот е апсолутниот победник кога станува збор за борбата со холестеролот, бидејќи освен високото ниво на витамин Ц содржи и пектин и растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот и ги штитат крвните садови од запушувања. Направете го овој напиток и уверете се во неговото дејство…

 

Потребни состојки:

– 1 грејпфрут

– 2 парчиња целер

– Половина китка магдонос

– Половина лимон

– 3 парчиња ѓумбир

Сите состојќи ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густа и хомогена смеса, овој напиток пијте го барем еднаш во денот (секој ден) со цел да ги регулирате мастите во вашиот организам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top