| четврток, 6 декември 2018 |

Бора Чорба на вториот фестивал „Слободна зона“

На 7 септември, в недела, со почеток во 20 часот, под мостот „Близнак “ на кејот во Ново Лисиче, општина Аеродром, по вторпат ќе биде прогласена слободна зона за забава.  Фестивалот „Слободна зона“ (Free Zone) оваа година нуди повеќе часовна забава, сè до 5 часот наутро, најавуваат организаторите.

Free Zone Poster

„Иноватива груп“ за овој фестивал ги договорија Бора Чорба од „Рибља Чорба” со двочасовен концерт, диџеј Ник Капа, а како загревање Марко логаут, „Фјучр инк“ и диџеј Че.

Како и лани и оваа година „Слободна зона“ e со слободен влез. Локацијата Аеродром ќе биде посебно трансформирана за потребите на фестивалот со поставени шанкови за пијалаци и со пунктови за храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top