Стомачните мускули се број еден кога е во прашање што ни е најважно на прв поглед кај потенцијалниот партнер. Резултатите од анкета спроведена во Велика Британија, во која се прашани 2000 испитаника откриваат дека и мажите и жените најмногу сакаат да видат цврсти стомачиња. Дури 25 отсто од жените ги потенцирале стомачните мускули, а 23 отсто одговориле мускулести раце. На трето место се градните мускули – 11 отсто.
Кај мажите па распоредот е – 33 отсто за стомачни мускули, 25 отсто за цврсто газе, а 11 отсто за цврсти нозе.
Анкетата покажала дека сите сакаат „навежбани тела“. Над 51 отсто од анкетираните жени рекле дека сакаат нивните избраници да се во добра физичка кондиција, додека само 10 отсто посочиле дека сакаат слаби мажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



