| четврток, 6 декември 2018 |

Врнежлива септемвриска недела

sonce-pa-dozd
Иако понеделник го започнавме со релативно топло утро и претежно ведро време, промената на оваа состојба ќе дојде релативно брзо. Според Метеопро, во делови од земјата уште рано попладне ќе настапи наоблачување кое ќе донесе нови врнежи кои ќе се интензивираат и прошират рачиси низ целата земја доцна попладне и навечер.

Вторник ќе помине во облачно време речиси во текот на целиот ден. Интенитетот на врнежите во текот на денот ќе се менува, а на моменти истите ќе имаат и пороен карактер. Локално во текот на овој ден ќе наврне и значителна количина на дожд, над 30 литри на метар квадратен – стои во прогнозата на Метеопро.

Температурата ќе биде значително пониска во однос на понеделник и ќе има максимална вредност во границите помеѓу 20°С и 26°С.

Претежно облачно и врнежливо време се очекува и во среда. Сепак во однос на вторник, врнежите ќе бидат малку поретки и послаби. Во текот на денот ќе има и повремени сончеви периоди.Температурата ќе биде слична на онаа во вторник.

Четврток ќе биде потопол во однос на вторник и среда за околу 3°С. Се очекува умерена облачност со подолги сончеви периоди. Во текот на денот повторно ќе има повремен локален дожд, но значително послаб за разлика од вторник и среда.

Петок ќе има слична температура со четврток. Максималната ќе има вредност во границите од 22°С до 28°С. Попладне повторно ќе има наоблачување кое ќе донесе дожд на повеќе места низ земјата, а локално овие врнежи ќе бидат поизначителни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top