| четврток, 6 декември 2018 |

Нови затруени лица од сендвичарницата во Драчево

Сендвичарницата е веќе затворена, а од вчера уште две нови лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести во Скопје. И тие биле муштерии на сендвичарницата.

За една недела лекарска помош педесетина лица, а најголемиот дел од нив веќе се пуштени дома.

Според првичните резултати од брисевите причина за ова масовно труење е салмонелата, најверојатно од мајонезот што го употребувале во сендвичарницата. Институтот за јавно здравје утре ќе ги соопшти причините за труењето.

Сендвичарницата е лоцирана на последната автобуска станица во Драчево

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top