| четврток, 6 декември 2018 |

Колку е блиску сонцето…(ин мемориам)

Star-Teatar - Vera-Vuckova

–      Кол­ку е бли­ску сон­це­то!

Ко­га Ве­ра Вуч­ко­ва на 3 април 1945 го­ди­на ја ка­жа­ла пр­ва­та реп­ли­ка во пре­пол­ни­от са­лон на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар не ни со­ну­ва­ла де­ка овие збо­ро­ви ќе ù обез­бе­дат ме­сто во ме­мо­а­ри­те на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра. То­гаш 18-го­диш­на­та Вуч­ко­ва ја тол­ку­ва уло­га­та на Вел­ја во прет­ста­ва­та „Пла­тон Кре­чет“ на Укра­и­не­цот Але­ксан­дар Кор­неј­чук. „Република“ минатата година разговараше со актерката. Тема на разговор ни беше новиот театар, како и нејзините сеќавања за стариот театар срушен со земјотресот 1963 година. На 88. го­ди­нишна возраст умот и па­ме­те­ње­то со­вр­ше­но ја слу­жеа. Ја прашавме да­ли но­ви­от об­јект ќе ја вра­ти пуб­ли­ка­та во те­а­та­рот,  таа, иа­ко во по­од­ми­на­ти го­ди­ни, остро­ум­но од­го­во­ри: „Пуб­ли­ка­та ја вра­ќа­ат прет­ста­ви­те, а не згра­да­та“, алу­ди­рај­ќи на ре­пер­то­а­рот што ќе би­де по­ста­вен во но­ви­от те­а­тар.

– Ова е на­ро­ден те­а­тар, тре­ба да има и би­то­ва дра­ма, да би­дат за­ста­пе­ни и кла­си­ци­те, по­тоа дра­ми од до­маш­ни авто­ри, ка­ко и од стран­ски – ни рече Вуч­ко­ва, ко­ја тогаш не про­пу­шташе пре­ми­е­ра во те­а­та­рот.

Ви го пренесуваме разговорот со Вучкова од март 2013 година

Вуч­ко­ва: Тре­пе­рев­ме од тре­ма

– За се­ко­ја го­диш­ни­на на те­а­та­рот ми го по­ста­ву­ва­ат исто­то пра­ша­ње, око­лу пр­ва­та ка­жа­на реп­ли­ка во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ски­от те­а­тар. Ед­наш поч­нав да се сме­ам и од­го­во­рив: да­ли ако не­кој се да­ви и ти ќе трг­неш да го спа­сиш, по­мис­лу­ваш на тоа да­ли ќе би­деш хе­рој? – ва­ка Вуч­ко­ва ми од­го­во­ри на пр­во­то пра­ша­ње за тоа ка­ко се чув­ству­ва­ла ко­га пред точ­но 70 го­ди­ни ја ка­жа­ла пр­ва­та реп­ли­ка.

По­тоа, поч­на да се при­се­ту­ва на тие де­но­ви, пред пре­ми­е­ра­та.

– Си­те тре­пе­рев­ме од тре­ма. Та­му, ко­га ќе из­ле­зе­те над­вор, не се стол­чи­ња, ами лу­ѓе. И на се­кое стол­че се­дат по еден чифт очи. Нај­важ­но ни бе­ше да не го за­бо­ра­ви­ме тек­стот – поч­ну­ва да рас­ка­жу­ва Вуч­ко­ва. Таа дип­ло­ми­ра­ла на Ви­ша­та шко­ла за те­а­тар­ско искус­тво во Со­фи­ја, Бу­га­ри­ја и е тре­та дип­ло­ми­ра­на актер­ка во Ма­ке­до­ни­ја. Еко­ном­ски­от фа­кул­тет, кој прет­ход­но го за­пи­ша­ла, ни­ко­гаш не го за­вр­ши­ла. Те­а­та­рот бил по­го­ле­ма љу­бов од еко­но­ми­ја­та.

Вуч­ко­ва, пред да дој­де во Скоп­је, ка­де што на ау­ди­ци­ја за „Пла­тон Кре­чет“ ја по­ви­кал Или­ја Мил­чин, би­ла дел од те­а­тар­ска гру­па од Би­то­ла во ко­ја ре­ци­ти­ра­ла. Скоп­је уште не би­ло ос­ло­бо­де­но од гер­ман­ски­от оку­па­тор, а таа би­ла дел од гру­па­та што игра­ла прет­ста­ви пред го­во­ри­те на Ме­то­ди­ја Ан­до­нов – Чен­то и тоа во Ре­сен, Охрид, Стру­га и во Вев­ча­ни.

– Дим­че Сте­фа­нов­ски во Би­то­ла, вед­наш по ос­ло­бо­ду­ва­ње­то, ме вик­на и ми ре­че: ќе пра­ви­ме те­а­тар. Се со­брав­ме пет­ми­на – са­мо јас ед­на де­вој­ка и уште че­ти­ри мом­чи­ња. Пред да се ос­ло­бо­ди Скоп­је, Мил­чин ве­ќе поч­на да ја со­ста­ву­ва гру­па­та за те­а­та­рот во Скоп­је. Му ка­жа­ле де­ка има ед­но де­вој­че што са­ка да ре­ци­ти­ра и да глу­ми. Ме вик­на на ау­ди­ци­ја­та и ми да­де да чи­там текст од вес­ни­кот „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. По­тоа, ко­га се ос­ло­бо­ди Скоп­је, ме вик­на. Дој­дов са­мо со еден ку­фер. Са­ма во Скоп­је, де­вој­ка на 18 го­ди­ни. Пр­во ме сме­сти­ја во Вла­шко ма­а­ло, а по­тоа не­кол­ку ме­се­ци спи­ев во ед­на од кан­це­ла­ри­и­те во те­а­та­рот – се при­се­ту­ва Вуч­ко­ва.

Таа не за­бо­ра­ва да спо­ме­не де­ка то­гаш, во го­ди­ни­те по ос­ло­бо­ду­ва­ње­то, те­а­та­рот бил цен­тар на ин­те­ле­кту­ал­ци­те во тоа вре­ме. По­е­ти, пи­са­те­ли, бо­е­ми… Бла­же Ко­не­ски, Сла­вко Ја­нев­ски, Ацо Шо­пов, Го­го Ива­нов­ски, и уште за мно­гу дру­ги те­а­та­рот бил втор дом. За си­те нив, акте­ри­те, не­ма­ло те­шка за­да­ча што тре­ба да се сра­бо­ти во те­а­та­рот. Среќ­ни де­ка учес­тву­ва­ат во ра­бо­та­та на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, ни­што не им би­ло те­шко.

– На ра­бо­та одев­ме со го­ле­мо за­до­волс­тво. Не по­сто­е­ше за­да­ча што  не мо­жев­ме да ја из­вр­ши­ме. Нам те­а­та­рот мно­гу ни зна­че­ше, иа­ко не­мав­ме мно­гу. Всуш­ност, не­мав­ме ни­што. За пр­ва­та прет­ста­ва сце­но­гра­фи­ја­та ја зе­дов­ме на за­ем од те­а­тар во Со­фи­ја. За ко­сти­ми­те, са­ми се сна­о­ѓав­ме, кој ка­ко мо­же – ве­ли Вуч­ко­ва.

Се­кој што има до­ма по­во­зра­сен во се­мејс­тво­то, ба­рем ед­наш чул од не­го де­ка ви­стин­ска мо­да, по пос­ле­ден терк, се „те­ра­ла“ за оде­ње­то в те­а­тар. Иа­ко са­мо што би­ло ос­ло­бо­де­но Скоп­је, се вни­ма­ва­ло кој ка­ко ќе се об­ле­че, по­себ­но за пре­ми­е­ри­те. До­де­ка раз­го­ва­рав­ме, Вуч­ко­ва се при­се­ти на еден на­стан на кој би­ла све­док. Ед­на гос­по­ѓа ин­си­сти­ра­ла да ку­пи би­лет би­деј­ќи има­ла нов фу­стан, по­себ­но ку­пен од Па­риз, ток­му за пре­ми­е­ра­та во те­а­та­рот. Но, на бла­гај­на­та ù рек­ле де­ка си­те кар­ти се про­да­де­ни. Гос­по­ѓа­та раз­о­ча­ра­но си за­ми­на­ла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top