| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Се договоривме за мирно решавање на кризата

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека со украинскиот колега Петро Порошенко се договориле кризата на истокот на Украина да биде решена мирно, по пат на преговори.

Во интервјуто за Првиот канал на руската државна телевизија Путин истакна дека е важно повеќе никој и никогаш да не ја направи грешката како што беше направена со насилно преземање на власта во Украина, бидејќи, според него, од таму се почнало.

Путин рече дека власта во Киев од април, на истокот на Украина спроведува насилна акција против незадоволното население во Донбас. Според последните податоци, истакнува Путин, убиени се повеќе од две илјади а ранети околу 600 мирни жители на таа област.

Шефот на руската држава оцени дека поддршката на Западот за воените операции на украинските власти не е во согласност со демократските вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top