| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ќе им дава државјанство на странските инвститори

pasos

Хрватската влада најавува можност за давање на државјанства на странски инвеститори како една од мерките за привлекување на инвестиции и стабилизација на државните финансии. Цената на хрватскиот пасош за сега е непозната, а домашната јавност веќе анализира што всушност подразбира продажба на државјанства, пишува Ослобоѓење.

Се оценува дека понудата е многу атрактивна, бидејќи со пасош на Хрватска се станува и државјанин на ЕУ, т.е. се обезбедува слобода на движење и престој во сите земји на ЕУ, но се отвора и прашањето дали пасошот ќе можат да го купуваат и белосветски милијардери кои до своето богатство, евентуално дошле со криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top