
Рускиот тајкун Роман Абрамович (47) на својата банковна сметка има околу 8,6 милијарди фунти – велат проценките. Дека неговите деца уживаат во богатството покажа неговата средна ќерка Софија, дете од вториот брак на Абрамович со неговата претходна сопруга Ирина. Деветнаесетгодишната Софија на својот профил на Инстаграм открила како изгледа да се живее со толку многу пари и со славен татко. Таа ги објави семејните фотографии со својот татко, што е вистинска реткост бидејќи сопственикот на фудбалскиот клуб „Челси“ својата приватност ја чува љубоморно далеку од очите на јавноста.
На фотографиите кои се снимени додека Софија била мала, Абрамович се гледа во едно скромно издание, стара тексас јакна и џемпер во стилот на 1990-те. Тој позира со својата поранешна сопруга и децата и изгледаат како вистинско руско семејство од тоа време.
Софија денес живее со својата мајка и четворицата браќа и сестри во Англија во куќа вредна 18 милиони фунти.
Таа за занимава со коњички спортови и прилично е успешна. Неодамна на едно натпреварување во Лондон се натпреварувала со ќерката на мзуичарот Брус Спрингстин. Софија ја покажала и нивната семејна вила во Сен Тропе која ја нарекува својот „втор дом“ каде се дружи со пријателите, како и својата умешност во кујната.
Роман Абрамович од 2005 година е во врска со 33-годишната Дарија Даша Жукова, ќерка на руски олигарх, со која има две деца, 5-годишниот син Арон Александар и едногодишната ќерка Леа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









