| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Се разгледуваат воени опции против Исламска држава

US President Barack Obama speaks at White House

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека побарал да се разгледаат воени опции на САД против припадници на групата Исламска држава во Сирија.

Обама на конференција во Белата куќа предупреди против шпекулации дека се наоѓа на чекор од одлука за проширување на воздушните напади против ИД надвор од целите врз кои силите на САД веќе извршија воздушни напади во Ирак.

Американскиот претседател истакна дека државниот секретар Џон Кери ќе замине во посета на Блискиот Исток со цел да добие поддршка од регионот против џихадистите на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top