| четврток, 6 декември 2018 |

Енергетски вампиризам

Будимка Поповска

Будимка Поповска

Што е паразит?
суштината на паразитирањето е да се живее на сметка на „друг живот“, којшто ќе биде извор на енергијата, но и материјата што му е потребна на паразитот.
Паразити во природата, но и во општеството има неброено многу.
Најсекојдневен пример за паразит се вошките.
Глистите.

Во народното предание, најчесто споменуван пример за паразит во енергетска смисла на зборот се т.н. вампири, а еден од се почесто користените термини во последно време е терминот „енергетски вампиризам“. Вампирот е паразит пар екселанс. Неговото мото е „подобро да бидеш пијан отколку стар…“
Како треба да функционира еден организам за да е здрав? Треба главата, т.е. мозокот да му „работи“, ‘рбетот да му биде исправен, секој орган да биде во функција и сите клетки од телото да се подеднакво и целосно интетгрирани во целината на организмот.
Енергетскиот вампиризам којшто е една невидлива психолошка појава на нарушување на енергетскиот баланс на телото, може да биде причина за видливите здравствени проблеми, но без да се има јасен увид за потеклото на болеста, и поради тоа таа често пати да се лекува на погрешен начин. Тоа е позадината на многу т.н. неизлечиви болести. Особено болестите на современото време како што е ракот, шеќерната болест и многу кардиоваскуларни заболувања.
Што е со заразните болести? Жолтицата, сипаниците, и сл? Каде е тука вампиризмот? Во инсектите? Тие се само преносители. Нехигиената и незнаењето се само пренесувачи на болеста. Инсектот што паразитира на одредено животно, му ја цица крвта и ја загадува со … бактерии коишто предизвикуваат болка или смрт. Ајде да речеме дека животното заради понискиот степен на еволутивен развој, е глупаво и не може да се самозаштити од нападот на паразитите. Но човекот, знае дека ако се напие од загадената вода или ако не ги измие рацете пред со нив да го допре лебот… ќе си навлече некаква белја…
И како и секогаш, најдобриот лек за сè е превенцијата.
Кој би можел да го оправда постоењето на паразитот? Никој, но тој сепак постои. Неговата улога никогаш нема да биде позитивна, но сепак е улога.
За секој случај, еве еден многу стар и успешен народен лек кој дава загарантирани резултати на успех: ЛУК!
Најсериозно. Без оглед верувале или не на филмовите, секогаш имајте си во џебот по едно чешне лук.

Инаку, што би било превенција за моќните аеро загадувачи што напаѓаат со брзина на светлината и си фаќаат место уште пред човек да стаса да трепне? Како да се одбрани немоќното човечко суштество од моќните дебелокошци невидливи за голо око? Овие мали резервоари на човечка крв далеку од погледот на официјалната медицина?
Можеби во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, вампирите биле табу тема, или тема за која никогаш и никој не сакал отворено и гласно да говори, но малку по малку, тие конечно се изборија за свое место под сонцето…барем во филмската индустрија… Ако не го сметаме култниот Розмариното бебе, еден од најдобрите хорор филмови на сите времиња, или The fearless vampire killers (кај нас познат како Бал на вампирите), двата на Полански, денес веќе секој втор филм брзо и лесно станува популарен токму заради тоа што ја обработува оваа тема.
Заклучно со серијалот Самрак, со Кристен Стјуарт (Бела) и Роберт Патисон (Едвард) во главните улоги, во режија на Кетрин Хардвик. Сценариото е според романите на американската писателка Стефани Маер, коишто во 2008 година беа најпродаваните книги на светот.
Еве што вели авторката Стефани Маерс за своите книги/филмови: „…навистина мислам дека има некаква метафора зад моите вампири. Не е важно дали сте „заглавени“ во животот или размислувате за тоа што треба да направите; секогаш можете да направите нешто друго. Секогаш постои друга патека“.
Лук!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top