По средбата зад херметички затворена врата, германската канцеларка Ангела Меркел, преставниците на ЕУ и лидерите од западниот Балкан излегоа со заклучоци кои ги сместија во четиригодишна временска рамка, односно токму толку колку што новиот прв човек на Европската комисија, Жан Клод Јункер, најави дека нема да има проширување на Унијата.
Во заклучоците стои дека наредните четири години земјите од регионот треба да направат дополнителен прогрес во реформскиот процес, во решавањето на билатералните прашања и во внатрешните состојби, како и да ги приближат општествата.
„Сите учесници ја нагласија потребата да се решат преостанатите нерешени прашања што е можно побргу“, стои во заклучоците при што се споменува директно спорот за името како еден од трите, заедно со дијалогот меѓу Косово и Србија и состојбите во БиХ.
„Спорот за името меѓу Македонија и Грција мора да се реши ургентно со подготвеност да се направи компромис од сите страни“, стои во документот. Натаму се бара подобрување на владеењето како нов прдизвик за демократиите на Балканот, се нагласува дека мора да и се овозможи на опозицијата да ја одигра својата улога во Парламентот (нешто во што се препознаваат Македонија и делумно Албанија), а исто така и таа да сака да го прави тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.