| четврток, 6 декември 2018 |

Индустријата ќе продолжи да расте со уште поголем интензитет


 индустрија

Индустријата ќе продолжи да расте со уште поголем интензитет. Бизнисмените очекуваат третиот квартал а и годинава да ја завршиме со раст на производството од над 7 проценти. Резултатите што ги објави статистика според Ацо Антевски се очекувани и вели дека големите производствени капацитети кои ги отворија странските бизнисмени во најголем дел ја ангажираа домашната индустрија, објави Сител.

Поради случувањата на пазарот, преработувачката индустрија забележала раст од 10, 4 отсто. Од македонската асоцијација на преработувачи велат дека на есен извозот би требало да се дуплира. Сега фабриките работеле со полн капацитет а најголемиот извоз ќе треба да реализира за десеттина дена.

Според статистика, индустриското производство продолжува да расте и на стартот од втората половина од годинава. Во јуни забележан е скок од 5,9 проценти, односно 4,7 отсто од почетокот на годинава. Покрај преработувачката индустрија, поголем раст било забележано и производството на метали и метални производи како и електрична опрема, додека пад е забележан во рударството.

Ако во земјите од европската унија растот на индустријата е симболичен од само 0,7 отсто кај нас производствените капацитети земаат замав па затоа се очекуваат и далеку подобри резултати во втората половина од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top