| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во сообраќајка на патот Берово-Делчево

сообракајкаДве лица се повредени во сообраќајната несреќа што денеска по 15 часот се случи на патот Берово-Делчево на делницата меѓу Стојмирово и Берово.

До сообраќајната несреќа дошло кога директно се судриле  „голф 4“ со штипски таблички и  „матиз даеву“ со беровска регистрација.

Во несреќата повредени се возачот и сопатникот во матизот и тие се пренесени во болница во Берово.

Поради увидот, сообраќајот беше блокиран, а голем дел од луѓето кои присуствуваа на прославата во манастирскиот комплекс „Св. Богородица – Балаклија“ останаа заглавени на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top