Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски синоќа заедно со жителите од општината го прослави својот роденден. На плоштадот „Млечен“поп-рок ѕвездата Дани Димитровска,со својот бенд направи одлична вечер преку прекрасни изведби на своите хитови, но и на познати рефрени од македонските евергрини.
Посебен шлагворт на вечерта беше роденденската „Happy birthday“ која познатата Дани му ја отпеа на општинскиот татко Стевчо Јакимовски по повод неговиот роденден. Оваа уметничка вечер на Карпошовото културно лето беше збогатена и со ликовниот перформанс на младата уметница Цветанка Јованова чија слика беше роденденскиот подарок за Градоначалникот на Карпош, организатор на оваа културна манифестација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Со овој договор треба да се откажеме од човековите права на нашето национално малцинство во Бугарија
-
Јакимовски: Од понеделник сите општини ќе бидат под целосна блокада
-
Куп-титулата на Карпош Соколи слета во општината, Јакимовски вети премии
-
Јакимовски: Од обврзницата на СДСМ плативме 72 милиони евра камата после 10 години, затоа треба да се суди некој