Во сообраќајна незгода што се случи доцна поладнево кај местото викано Сатеска, меѓу Зајас и Кичево, животот го загуби момче од Кичево. Момчето родено 1990 година управувало моторцикл на магистралниот пат во правец кон Гостивар.Тој обидел да претекне автомобил, при што преминал на левата страна од коловозната лента и удрил во автомобил марка Мерцедес со охридски регистарски таблички.
Момчето починало на самото место, додека возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
На местото на несреќата полицијата изврши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


