
Над 2.000 граѓани на држави од Европската унија биле врбувани од екстремистите да учествуваат во воени дејствија во Сирија и Ирак, изјави Микеле Черконе, портпарол на Европската комисија.
– Над 2.000 луѓе од држави од ЕУ се борат на страната на екстремистите во Сирија и Ирак. Но, сепак тешко е да се определи точната цифра на Европејците, вовлечени во екстремизам, додаде Черконе.
Според него, секоја држава од Унијата треба да спроведе напори за борба со екстремизмот.
– Тоа е огромна закана за ЕУ. Тие луѓе ги напуштаат домовите за да војуваат, а потоа се враќаат во ЕУ, нагласи тој.
Во почетокот на годината еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром изјави дека во 2015 година се очекува формирање Европски истражувачки центар за борба со екстремизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


