Озборувачка
Таа знае сè. Ама буквално сè. Кој со кого бил во врска, колку плата зема, каде работи… Дури понекогаш да си помислите дека почнува да измислува работи само колку да има за кого да зборува. Притоа не се задржува на нешто што го чула, туку дава злобни забелешки за луѓето кои и се тема на муабет. Освен туѓите животи ништо друго не ја интересира. А не дека нејзиниот живот е толку добар, па да им обрнува внимание на другите.
Болно љубоморна
Ја користи секоја ситница за да изврши испитување во врска со работите што за неа спаѓаат во „сомнителни активности“. Притоа, ги користи сите можни средства, како чепкање во телефон, го проверува Facebook профилот и се фаќа за работи за кои никој при здрав памет не би приговарал. Зошто уште сте пријатели со другарката од детство? Која беше таа што се поздрави со неа тогаш и тогаш? Па, долги телефонски разговори во кои испитува што сте правеле, иако всушност ја интересира со кого сте биле.
Вечно незадоволна
Постојано дофрла колку тоа може човекот со неа да биде поуспешен, со што всушност укажува дека го смета за неуспешен. Притоа, ја користи секоја можна прилика да се пожали не само на него, туку и на тоа колку лошо ја третираат на работа, таа смета дека заслужува повеќе, родителите не и чинат, пријателите уште помалку. Ова се оние класични негативно расположени луѓе од кои не можете да чуете ништо добро.
Манипулатор
Веднаш можете да препознаете кога сака нешто да извлече од вас. Обично е вклучена емотивна уцена или пак нема да дозволи да ја допрете додека не сфатите што е всушност проблемот и го решите. Никогаш не сте на чисто со неа, секогаш делува како да има некоја позадинска намера.
Опседната со изгледот
Никој не е совршен, но некои се сериозно напорни во обидот да изгледаат што е можно подобро. Овде има две крајности – или мисли дека нема да најдете поубава и позгодна од неа и постојано укажува на тоа или пак е комплетно несигурна во себе, опседната со диети и постојано и се потребни комплименти за да се чувствува подобро. Со која и да си фатите работа, нема долго да имате трпение да се справувате.
Материјалистка
Го бира партнерот само поради она што има да и го понуди. Тоа значи дека мора секаде да ја развозува во скап автомобил, да и обрнува внимание во вид на подароци и секогаш тој да биде оној што ги покрива трошоците. Знае како да ги дознае потребните податоци за вашата ситуација, ќе потпраша што автомобил имате, колку чини часовникот што го носите за да биде сигурна дека сте нејзин тип.
Не знае да замолчи
Не е важно колку е банална темата, таа мора да прокоментира нешто. И тоа го прави постојано. Немате мир, не се сеќавате да сте седеле некогаш во тишина. Излегувањето со ваков тип на девојка комплетно истоштува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.