| четврток, 6 декември 2018 |

Тимотеј: Одлуката на СПЦ нема никакво значење за МПЦ

vladika-timotej-24-vesti-520x331
Одлуката на Српската православна црква нема никакво значење за Македонската православна црква и нема никаква важност во Македонија, вели митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј за вчерашната објава на СПЦ дека ќе поведе црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

– Македонската православна црква со одлука уште во 1959 година ја доби својата самостојност и се издвои од српската црква. Со тоа сите одлуки на СПЦ немаат никаква важност во земјава, истакна владиката Тимотеј во изјава медиумите.

Синодот на СПЦ вчера на својата веб страница објави соопштение до кое се наведува дека одлучил да поведе црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ г.г. Стефан поради тоа што „со упорното останување во раскол МПЦ нехристијански учествува во прогонот на архиепископот Јован, канонски поглавар на автономната Охридска архиепископија, неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и низа други антиканонски активности“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top