| четврток, 6 декември 2018 |

Американска хуманитарна работничка киднапирана од „Исламска држава“

Екстремистите од групата „Исламска држава“ држат како заложничка 26-годишна Американка, која за неколку хуманитарни организации работела на испораката на хуманитарна помош во Сирија.

Младата жена, чие име не е објавено на барање на нејзиното семејство, е третиот американски државјанин, за кого е соопштено дека е киднапиран од радикалната исламистичка група.

Американката е киднапирана минатата недела додека работела за неколку хуманитарни организации во Сирија.

Групата „Исламска држава“ неодамна се закани со убивање на Американци, како одговор на воздушните напади на САД врз позиции на групата во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top