| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ: За вербалното и физичкото насилство нема место во храмот на демократијата

Politika-slogani-81-dui-logoДемократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува денешниот инцидент во Собранието.

Оценувајки го овој немил настан, како срамен за демократијата, ДУИ ќе побара случајот целосно да се истражи и обелодени, за што и ќе биде иницирано формирање на анкетна собраниска комисија.

ДУИ оценува дека вербалното и физичкото насилство немаат место во храмот на демократијата, уште по малку во време кога нашата земја со посветеност се стреми да им се придружи на европските вредности.

ДУИ со жалост ја констатира честата појава на насилниот речник и однесување на пратениците на ДПА во Собранието, и оценува дека недостигот на политичка понуда не може да се замени со манифестирање на насилство и агресија.

ДУИ повикува на воздржаност, за оградување од насилството и за враќање на европските вредности на политичко дејствување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top