| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Сирија разменуваат информации за џихадистите од групата Исламска држава

israel-strikes-syria-chemical-weapons

САД започнале разузнавачки летови над Сирија, по што му доставуваат на Дамаск информации за базите и позициите на џихадистичката група Исламска држава, тврдат сириски извори.

Според анонимен извор, САД и даваат информации на сириската Влада со посредство на Ирак и Русија. Друг извор од регионот потврди дека „западна држава и доставува на сириската Влада списоци со цели на Исламската држава на сириска територија“.

Од невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права, исто така, потврдуваат дека разузнавачки авиони, кои не се сириски, прелетале вчера над провинцијата Деир аз Зур, собрале информации за позициите на Исламска држава и ги испратиле до сириската Влада преку Багдад и Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top