Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод Јункер изрази незадоволство од односот на земјите членки на ЕУ,затоа што при кандидирањето на политичари за нови еврокомесари,нема жени. За австриски „Курир“ тој вели дека најголемиот број од европските влади се определуваат за машки кандидати.
– Идната,нова европска влада ќе биде без легитимитет и кредибилитет,доколку се остане на сегашниот избор и доколку нема повеќе жени комесари во ЕК- вели Јункер.
Европски дипломатски извори проценуваат дека ваквата забелешка е посебно упатена до владата во Лондон, затоа што Велика Британија и премиерот Дејвид Камерон беа единствените што се обидуваа да го спречат изборот на Јункер за наследник на Мануел Баросо. Аргументите на британската страна беа дека на функцијата претседател на ЕК е потребен кандидат со „престиж и подготвеност“ за спроведување потемелни реформи во ЕУ. Во Брисел се смета дека премиерот Камерон самиот ги погази своите заложби,одлучувајќи се за кандидат за еврокомесар да го предложи лорд Хил,угледен ториевец,но целосно непознат за европската јавност.
Британскиот премиер, меѓутоа, не само што продолжува да ја подржува кандидатурата на Хил,туку бара од Јункер да му даде некои од главните економски или финански сектори. Тоа за владата во Лондон е од големо значење во нејзните настојувања да изнуди од Брисел поголеми отстапки за „покрупни реформи“ во Европската Унија.
Новиот претседател на ЕК, пак, инсистира во составот на идната Европска Комисија да се најдат повеќе жени и познати машки кандидати, со углед и веќе стекнато реноме во европската политика. Европските лидери ке се соберат следниот викенд за да се договорот околу распределбата на комесарските места.
Јункер за весникот „Курир“ рекол дека врши притисок врз европските влади да ги преиспитаат своите кандидати,порачувајќи дека планира главните ресори да ги добијат познати политички имиња од земјите членки на ЕУ и жени.
Официјален Лондон ги отфрли критиките на Јункер,неприфакајќи дека Велика Британија придонесува за ставање на жените-кандидати за комесари во подредена состојба. Британски дипломатски извори оценуваат дека доколку Камерон не предложи нов кандидат, наместо лорд Хил, речиси е сигурно дека Велика Британија нема да ги добие ресорите што сега ги посакува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.