Природниот прираст во вториот квартал од годинава е 1.039 лица. За толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2014 година во споредба со истиот период лани е поголемен за четири проценти и изнесува 5.809, а бројот на умрените бележи зголемување од 2,6 отсто и изнесува 4.770 лица од кои 48 се доенчиња.
Склучувањето на браковите во ова тримесечје бележи намалување за 0,1 отсто во споредба со истиот период во 2013-та и изнесува 3.313. Опаѓа и бројот на разведените за два отсто во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број е 538.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст