| четврток, 6 декември 2018 |

Добри соседи, за здраво срце

 Добрите соседи се важни за одржување на здравото срце.

 Ова го потврдило истражувањето кое било спроведено на 5 илјади луѓе постари од 50 години во временски период од 4 години.

Испитаниците морале да одговорат на прашања за тоа дали се чувствуваат како дел од соседството во кое живеат, дали со нив се однесуваат пријателски и дали би им помогнале во случај на несреќа, а за крај одговарале на прашањето колку им веруваат на нивните соседи.

Сето ова се нарекува социјална кохезија на соседството и се рангира на скала од 1 до 7.

Истражувањето покажало дека луѓето со висока социјална кохезија имаат помал ризик од срцев удар, па дури и кога научниците ги одзеле другите фактори на ризик.

Поврзаноста помеѓу здравјето и местото на живеење се истражувало и претходно, но само земајќи ги во предвид факторите: бука, загадување или густина на население.

-Ова истражување оде еден чекор напред, а се покажа дека животот во добро соседство со соседи кои ќе ве поддржуваат и ќе се грижат за вас има позитивен ефект на нашето здравје – заклучил Ерик Ким, психологот и автор на истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top