| четврток, 6 декември 2018 |

Искусен форензичар тврди: снимката од убиството на Џејмс Фоли е лажна!

Стравичната снимка од убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли мошне веројатно била лажна, а ликвидацијата се случила зад камерите, тврдат форензирачите. Британскиот весник „Телеграф“ објави анализа која ја изврѓи една агензија за форензика кој покажува сомнителни детали и трати од дополнително средување на снимката.

Форензичарскиот аналитичар кој разговарал со новинар од Телеграф напоменува дека никаде на снимката не гледа крв, иако ножот го пресекува вратот најмалку шест пати. Звуците кои Фоли ги произведува не одговараат на она што би се очекувало под такви околности. Завреме на говорот на Фоли се појавува „бип“ кој можеби укажува на тоа дека американскиот новинар морал да повтори една реченица..

– Мислам дека снимката е наместена, рече еден од стручњаците кои го проучуваа видеото. Мојот впечаток е дека погубувањето се случило откако камерите се угаснале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top