| четврток, 6 декември 2018 |

Се одбележува годишнина од раѓањето на Мајка Тереза

Mother Teresa

Државната награда „Мајка тереза“ за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и соработка меѓу народите и припадниците на различните заедници, култури и вери денеска во македонското Собрание ќе и биде доделена на Поликсена Илиоска.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, а таа се доделува по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на оваа хуманистка.

По истиот повод претствници на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ ќе положат цвеќе на нејзината спомен плоча на плоштадот Македонија.

Мајка Тереза (1910-1997) е хуманистка родена во Скопје. Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top