Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими заедно со претставници на секторите задолжени за прашања од доменот на ИПА и ЕУ, одржа работен состанок со министерот за информатичко општество Иво Ивановски и претставници на тоа Министерство, како дел од циклусот посети “ЕУ – ИПА институционална координација“.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, средбата е во рамки на спроведување поинтензивен циклус на ЕУ/ИПА институционални посети, во пресрет на есенскиот Извештај на Европската комисија, а со цел следење на динамиката и интензивирање на активностите во врска со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


