Припадници на ирачката Армија пукале врз сириските бунтовници на територијата на Сирија, објави телевизијата „Ал Арабија“. Нападот на ирачките војници им овозможил на сириските владини сили да ја преземат контолата врз еден граничен премин, што до тогаш го држеле бунтовниците. Ваквата информација, која следи по засилувањето на ирачкото воено присуство на границата со Сирија, засега не е официјално ниту потврдена, ниту демантирана. Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека две лице се повредени од како на територија на Ирак паднала граната истрелана од Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.