| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка повредена во сообраќајка во Србија

Saobracajna-nesreca 250814

Македонска државјанка е тешко повредена, а најмалку двајца нејзини пријатели минале со полесни повреди во сообраќајката која утрово околу 8 часот се случила на автопатот Белград-Ниш, извести РТС.

Сообраќајката се случила кога возачот на автомобил „ситроен“ со македонски таблички во еден момент изгубил контрола и удрил во банкина. Телевизијата извести дека според првичните информации, најверојатно возачот задремал и изгубил контрола. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top