Расте бројот на повредени во земјотресот во Калифорнија. Сто и дваесет лица се повредени во вчерашнот земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеорвата скала во северна Калифорнија, кој е најсилниот во изминатите 25 години.
Како последица на земјотресот избија повеќе пожари, оштетени се некои историски згради, а без електрична енергија останаа повеќе илјади домови и продавници во заливот Сан Франциско.
Најмалку 120 лица се повредени, претежно со исеченици, а две лица се хоспитализирани поради срцев удар, а три поради скршеници.
Три лица, од кои двајца возрасни и едно дете се потешко повредени.
Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи поради вонредна состојба во делови од американската сојузна држава, при што државните служби добиле упатства, како да се ангажираат за помош на населението и во расчистување на разурнатите објекти.
Епицентарот на земјотресот беше околу десет километри јужно од градот Напа, на длабочина од 11 километри под површината на земјата, а се случил околу 3:20 часот по локално време, соопшти американскиот Геолошки институт. По него следувале повеќе помали вторични потреси.
Ова е најсилниот земјотрес, кој го потресе подрачјето на Заливот Сан Франциско од 1989 година, кога беше регистриран земјотрес од 6,9 степени и во кој загинаа повеќе од 60 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


